Во твитот со кој објавува дека не е прифатливо тоа што преку Франција го бара Бугарија премиерот Ковачевски користи граѓани и мојот народ но од непознати причини не и Македонци, македонски народ, македонски граѓани.

,,Францускиот предлог во моментот е неприфатлив за мене, претседателот на државата, владата, коалиционите партнери и граѓаните на Северна Македонија. Мојот народ мора да се почитува. Доколку се постигне разбирање за нашите позиции, подготвени сме за разговори”, пишува Ковачевски кој откако виде дека Софија нема да даде зелено светло порача дека не е прифатлив и за него.