Ковачевски: Од 1 март авио-линија, нов граничен премин до крајот на годинава

„Ако сме кажале дека ќе има авионска линија меѓу Скопје и Софија, критериум за успешност е ако следната недела имаме оператори кои од Софија ќе дојдат во Скопје или обрано, каде ќе разговараат за екононсмски најодржливата авионска линија која би се воспоставила и би почнала со комерцијални летови од 1-ви март“, изјави премиерот, Димитар Ковачевски денеска во Софија на заедничка прес-конференција со бугарскиот колега, Кирил Петков.

Според Ковачевски успех меѓу двете држави ќе се смета ако во 2023 година, 13-те километри пат до граничниот премин „Клепало“ бидат реализирани и да се отвори тој граничен премин.