Премиерот Димитар Ковачевски објави збунувачка фотографија од присуство на отворањето на Генералното Собрание на Обединетите Нации каде годинава тој ја предводи македонската делегација.

,,Ми беше чест денеска да присуствувам на официјалното отворање на Генералното собрание на Обединетите нации од страна на Генералниот секретар Антонио Гутереш. Фокусот на оваа генерална дебата е на заедничкото делување и дијалог како единствениот начин кој ќе овозможи развој.

Трансформацијата на општеството и одговорот на глобалните предизвици бараат заеднички напори за справување. Солидарноста, одржливите решенија и науката се нашиот патоказ за иднината”, напиша Ковачевски во објавата во која се објавени и повеќе фотографии снимени за време на говорот на Гутиереш.

Она што отвара сомнеж е една фотографија на која Ковачевски е со слушалки преку кои се добива превод од говорот на Гутиереш кој е на англиски јазик.

Слушалки вообичаено користат само тие што не знаат воопшто или не знаат добро англиски или друг јазик на кој говори говорникот.

Она што најдобро укажува дека Ковачевски можеби е во една од овие две групи, луѓе што не знаат воопшто или што лошо разбираат англиски јазик, е фактот што ниту еден друг член на македонската делегација во ОН нема слушалки за превод.

Освен премиерот кој има слушалки останатите членови на делегацијата во која се и министерот Османи, амбасадорот Фрчкоски, шефот на кабинет на Ковачевски и уште два лица, никој друг не користи превод.

Според биографијата на Ковачевски тој добро го познава англискиот јазик што е спротивно на пораката од неговото однесување за време на говорот на генералниот секретар на Обединетите Нации.

Зошто некој би користел слушалки за превод ако добро го познава англискиот јазик засега останува енигма.

Постот на Ковачевски со сите фотографии