Во обид да добие политички поени премиерот Ковачевски вчера се појави на мечот меѓу Македонија и Данска на Европското првенство во одбојка што се игра и во Македонија.
Во салата Борис Трајковски изградена во време на ВМРО-ДПМНЕ премиерот се појави во одело и кошула наместо во црвениот дрес кој го носат националните селекции на кој пишува Македонија.
Најверојатно Ковачевски дошол во одело затоа се плаши во салата да се појави со дрес на кој стои Северна а не сакал да дојде во дрес на кој пишува само Македонија.
,,Огромна е честа што С. Македонија за прв пат е домаќин на Европското првенство во одбојка во машка конкуренција.
Уште поголемо е задоволството што на денешниот прв натпревар, македонската репрезентација успешно ја совлада репрезентацијата на Данска. Честитки за денешната победа и им посакувам многу среќа и добра игра и понатаму на момците кои под раководство на селекторот Јошко Миленкоски пред себе имаат огромен предизвик и тоа на домашен терен.
Браво за успорноста, посветеноста, напорната работа и добрата организација!
Посакувам успешно Европско првенство”, напиша Ковачевски на социјалните мрежи.
Тој во салата дојде со партиски колеги од СДСМ.