Ковачевски навистина се пофалил дека владата дала 760 милијарди евра за антикризни мерки

Премиерот Ковачевски навистина се пофалил дека владата дала 760 милијарди евра за анрикризни мерки.

Откако на Твитер се појави принтскрин на кој се гледа неверојатното тврдење на премиерот дека неговата влада потрошила дури 760 милијарди евра expres.mk ја провери информацијата со претпоставка дека не е можно Ковачевски толку многу да лаже за сумата.

Неговиот пост од 9 април покажува дека тој сега се фали со 760 милиони евра но проверката на измените на неговиот пост на Фејсбук покажува дека сепак тој првично зборува за 760 милијарди.

Каде точно завршија и тие 760 милиони евра тој не кажува.

Во неговата објава нема извинување дека е направен гаф.

Целиот првичен пост на Ковачевски кој подоцна е сменет и наместо милијарди се ставени милиони:

Денес сум #РамоДоРамо со граѓаните на општина Карпош.
Разговаравме за тоа како успешно ја поминавме глобалната економска и енергетска криза. Никој не беше оставен сам. Реализиравме антикризен пакет од 760 милиони евра, најголем во регионот. Обезбедивме до 90% субвенционирана струја за граѓаните, субвенционирана цена на струја за малите бизниси и за ранливите. Го зголемивме енергетскииот капацитет на земјата и ја забрзавме зелената транзиција. Ја покачивме минималната плата на 20.000 денари, просечната плата на 34.000 денари, пензиите ги покачивме за 16% само за една година. Го заштитивме стандардот на граѓаните и со мерки за намалување на цените на производите. Пролетта е тука и ние цврсто стоиме. Следната година ќе биде подобра!