Ковачевски најавува „кратење“ на администрацијата

Мандатарот Димитар Ковачевски најавува промени во начинот на функционирање на јавната администрација, но и нејзино намалување за 20 проценти.

Тоа е предвидено во неговата програма што ја достави до Собранието и која во сабота ќе ја брани пред пратениците.

Кратењето на администрацијата ќе се прави преку спојување на институциите што работат исто и имаат идентични задачи, пензионирање на 64 години, но со префрлање на дел од административците во приватниот сектор.

„Ќе ја реорганизираме, ќе ја реконфигурираме и ќе воведеме дополнителни форми за поефикасно работење на државната и јавна администрација на сите нивоа“, се вели во програмата.

место. Се вели дека целта на Владата е да обезбеди професионална јавна администрација, поддржана од интензивна дигитализација, оптимална структура и иновативни процеси и техники.

„Владата смета дека јавната администрација мора да обезбедува дигитални услуги, како задолжителна опција. Администрацијата не смее да бара од граѓаните и деловната заедница никаква информација или податок, кој веќе е обезбеден, и мора да дизајнира јавни услуги кои по дефиниција се инклузивни и ги исполнуваат потребите на ранливите групи, како што се возрасните и луѓето со пречки“, се нагласува во програмата.

Новата власт вниманието ќе го насочи кон вработување на квалитетен кадар, но и како тој да се задржи во државната служба, а тоа ќе се направи преку награди и повисоки плати.