Ковачевски: Можно е владиното мнозинство да се прошири со Алијанса

Околу минатонеделкната средба со в.д. лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, премиерот Димитар Ковачевски вели дека партијата искажала поддршка за европската иднина на Македонија и доколку разговорите продолжат во тој дух , можно е проширување на владиното мнозинство со Алијанса на Албанците.

Тој рече дека на средбата се разговарало за делење на ресори…

„Одговорот кој го даде на ДУИ Али Ахмети, не се разликува од мојот.

Со Алијанса, со нејзиниот в.д. претседател Таравари јас разговарав за европската иднина на државата. Кажав дека нашата владина коалиција е отворена за сите кои ја делат таа визија, и за сите закони и реформи, за борбата против криминалот и корупцијата, и антикризните мерки во оваа голема криза. Не сме разговарале конкретно за ресори и превзамање на министерства.

Доколку се усогласиме комплетно за овие принципи, а во тоа не се сомневам, а во минатото покажа дека ги поддржа сите одлуки за европската иднина на државата, како европскиот предлог така и сите други законски предлози.

Ако разговорите продолжат во овој дух, може да се случи проширување на владиното мнозинство.“, рече Ковачевски.