Ковачевски меѓу два залака во студентскиот дом „Гоце Делчев“: Носев мачни одлуки за идните генерации (ВИДЕО)

Премиерот Димитар Ковачевски на својата страница на Фејсбук објави видео од посетата на студенсткиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, од чијашто менза испрати „историска“ порака дека одлуките што ги носел биле за идните генерации…

„Одлуките коишто јас ги носев, тие мачни одлуки за коишто ви зборував, тие одлуки ги носев за идните генерации на оваа држава“, вели претседателот на Владата во снимената изјава во видеото со инсерти од неговата посета на домот.

„Студентите никој не може да ги тргне од мене. Никој нема да биде оставен сам!“, додава Ковачевски на снимката на линкот подолу, која потсетува на предизборен спот:

https://fb.watch/h3yUK5B_TX/