Ковачевски „је..ло те видео“, чекаме извинување – Пишува Горан Момироски (ВИДЕО)

Да, претерувам со насловот на колумнава.

Да, лут сум и вон себе од навидум малиот гаф. Да, не прифаќам да ме водат неписмени и необразовани самонаречени лидери.

Да не беше видеото и придружното аудио пренесувани од национален медиум немаше да верувам каков гаф направи првиот човек на македонската влада на настан посветен на денот на македонскиот јазик.

Да не беше зборот видео изговорен од човекот што беше октроиран од Зоран Заев немаше да верувам колку ниски се капацитетите на човекот што ја води владата.

Да бидам искрен, секој па и Ковачевски може да направи гаф, lapsus lingva, грешка во изговор и слично.

Правам и јас гафови и грешки, помали или поголеми, но кога се работи за трет човек во земјата номинално или прв според моќ реално, кој застанал да го брани македонскиот национален идентитет недозволиви се ваквите гафови.

Замислете сега што велат во Софија: македонскиот премиер не си ги знае своите македонски великани а зборува за македонски јазик, наука, образование, идентитет…

Сега ми е јасно зошто овој човек кого да бидам искрен во неколку наврати се обидов да го бранам пред мои блиски луѓе по принципот ,,ни крив ни должен” не сака да оди на избори иако знае дека нема никаков политички легитимитет.

Ковачевски со најновиот гаф уште еднаш покажува дека тој е само човекот што чита без да размисли што кажува.

Тој докажа дека некој друг ги пишува зборовите што излегуваат од неговата уста, но дури и тогаш не ги гледа грешките што му ги сервираат или погрешно прочитал (треба да се види што точно му било напишано).

Недопустливата грешка на премиерот Димитар Ковачевски е згрешеното име на еден од македонските великани на одбележувањето на денот на македонскиот јазик на кое присуствуваа повеќе министри.

Набројувајќи ги великаните на македонскиот збор и букви Ковачевски го спомена и писателот Видое Подгорец.

За жал премиерот не го кажа писателот со неговото оригинално име туку како ВИДЕО Подгорец.

Гафот на премиерот е до толку поголем затоа што повеќе јавни личности, новинари, лингвисти, литерати и други предходно предупредуваа на грешката кога дел од медиумите Подгорец наместо Видое го нарекуваа Видео.

Доколку е доблесен Ковачевски ќе се извини на семејството на Подгорец за своето непознавање на македонската историја, лингвистика и проза.

Во исто време премиерот треба да ги санкционира полуписмените соработници кои му дозволиле да чита текст, во случајот за Подгорец, кој што е навредлив не само за семејството на писателот туку и за целата македонска јавност која очекува премиерот и тие околу него да знаат што зборуваат и читаат особено кога станува збор за настан од исклучително значење за македонскиот национален идентитет.

Непознавањето на сопствената литературна историја е срам не само за Ковачевски туку и за сите нас.

Навидум малиот гаф на Ковачевски можете да го слушнете сами на овој линк на МИА по 32 минута од видеото

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1041573393384237&id=359477174168894

Поврзана вест

Великанот актуелен и реален и по смртта

,,Посегање по името е тероризам”: Великиот Анте Поповски до Бугарска поетеса (ВТОР ДЕЛ)