Ковачевски ја преименува штипската населба Три Чешми во Три Круши?! (ВИДЕО)

Како во антологиската изјава „оваа ноќ не беше мој ден“ на ексјугословенскиот фудбалски репрезентативец од Косово, Фадиљ Вокри, на премиерот Димитар Ковачевски не му беше денот на прексиноќешната трибина на СДСМ во Штип, на која ги помеша Три Чешми и Три Круши.

„Автопатот Штип – Скопје го довршивме, го направивме експресниот пат Штип – Радовиш вреден 64 милиони евра, патот од Три Круши до Штип, клучката на влезот од градот, транзитниот правец, експресниот пат Штип – Крупиште вреден 20 милиони евра и многу други проекти кои се направени и завршени од СДСМ“, се пофали пред штипјани претседателот на Владата од партијата што ја преименува Република Македонија во „Северна“ на трибината „Силно и одлучно кон иднината“.


Три Чешми е населба на 4 километри од Штип, а Три Круши месност во скопско Драчево…