Ковачевски искажа задоволство што бил викнат на вечера со стотици други гости (ФОТО)

Премиерот Ковачевски преку социјалните мрежи на кои за пропаганда троши илјадници евра месечно искажа задоволство што бил викнат на вечера со стотици други гости.

На вечерата во Талин која ја организирала естонската премиерка Ковачевски бил заедно со стотици други луѓе.

На фотографиите што ги објавува освен Калас не може да се види некој важен човек од европската или светската политика.

,,Задоволство ми е што вечерва бев гостин на вечерата која ја организираше мојата естонска колешка, премиерката Калас, за време на мојата посета на Талин.

Во пријатна атмосфера, уште еднаш ги потврдивме цврстите пријателски односи меѓу нашите две земји со заедничка цел – што поскоро С. Македонија да се придружи на европското семејство”, напиша задоволниот Ковачевски додека Македонија е шокирана од скандалот во кој се краделе лекови од болни од рак и се продавале на Косово.