Поранешниот организационен секретср на СДСМ, екс советник на премиерот Зоран Заев и поранешен директор на УБК, Миле Зечевиќ вели дека заслужува да дојде на лидерското место на СДСМ на местото на Зоран Заев.
Не се гледа на местото премиер, објави Зечевиќ на дебата на ТВ 24.
Тој смета дека поради стабилноста на земјата и мнозинството, Заев треба да остане претседател на владата.
Миле Зечевиќ од СДСМ во емисијата 24 анализа истакна дека треба да се сочува заедништвото на партијата и на СДСМ не му се потребни турбуленции во овој момент.
“Добро би било за нас како партија да го продолжиме процесот и сум уеден дека никој освен Зоран Заев не може да води владата за да во 2024 излеземе на редовни парламентарни избори. Тоа е мојт став и позиција. Секое друго решение го сметам како решение кое ќе не воведе во предвремени парламентарни избори”, рече Зечевиќ кој смета дека е булдожер кој може да ја води СДСМ.
Целата емисија на ТВ24
https://www.facebook.com/24vesti.mk/videos/650029983071521/