Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи добиле формално барање да ги објават двата документи кои ги преговарале со Бугарија и кои ги поседуваат а за кои имаат уставна обврска да ги споделат со јавноста и Собранието
,,📌 За документите кои се однесуваат на Македонија, владата нема право истите да ги крие од јавниста, туку има уставна и морална обврска да прифати и да учествува во собраниска расправа❗️”, пишува претседателот на комисијата за надворешна политика на Собранието Антонио Милошоски кој го објавува и дописот до владата.