Ковачевски го покани Таравари на средба, влегува ли Алијанса во Влада!?

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на пладне во Влада ќе има средба со В.Д. претседателот на Алијанса на Албанците – Арбен Таравари.

Нејасно е дали целта на средбата, која доаѓа по покана од премиерот, е понуда до опозициската партија за влез во Владата.


Од Алијанса за Албанците, како што објави Коха неофицијално велат дека досега не е разговарано за конкретни позиции и дека се во очекување да видат за што се работи и какви планови има премиерот Ковачевски.

Во партиското соопштение не се посочува за што конкретно ќе разговараат премиерот и в.д. лидерот на Алијанса.

Средбата на Таравари и Ковачевски доаѓа во период кога дел од медимите, повикувајќи се на партиски извори, пласираа информации за можен влез на АА во владината коалиција, но тие досега беа негирани.

Темата за влез на Алијанса за Албанците во владината коалиција се наметна во јавноста кон крајот на септември, кога токму Таравари во изјава рече дека ако добие понуда, партијата ќе ја разгледа.

Деновиве имаше шпекулации дека со согласност за влегување во Влада, АА би побарала по три министерски и и заменк-министерски места и триесетина директорски позиции…