Коментирајќи ја дипломатската офанзива за промена на македонсиот Устав заради впишување и на Бугарите во него, премиерот Димитар Ковачевски ги навреди Казахстан и Таџикистан.

„Ова е шанса која не треба да се пропушти и секој треба да ја земе одговорноста пред себе и судбината во свои раце. Не може да застане процесот од кој зависи иднината на државата. Јас велам дека 118 (гласа) ќе има на крај, бидејќи Левица се против ЕУ, тие со Казахстан и Таџикистан ќе правеле заедница. Тие кажаа дека не дошле тука нити да мачат некого, нити на некого да вршат посебен притисок, туку да искажат свој став дека сега во моментов во ЕУ постои и расположение, постои заеднички интерес, заедно со нашиот интерес, Македонија да го продолжи својот пат кон европските интеграции“, изјави Ковачевски, не објаснувајќи зошто двете некогашни советски републики ги стави во (негативен) контекст со внатрешнополитичките собитија во Македонија.

Средноазиските земји Казахстан и Таџикистан беа меѓу 133. држави што ја признаа Република Македонија под уставното име, пред партијата што ја предводи Ковачевски и нејзината влада да ѝ го сменат името наспроти јасно изразената волја на две третини од граѓаните што го бојкотираа референдумот од 30 септември 2018 година.