Премиерот Ковачевски заборавил или мисли дека граѓаните заборавиле дека во времето кое од 2006 до 2016 со кое сега се заканува ако не минат уставните измени бил на највисоки директорски функции во државниот Телеком.

За премиерот ова време кое сега го критикува како време на изолација сепак не било толку лошо


Инфлуенсерот Илче Затаракоски го потсетува Ковачевски дека во времето со кое сега тој ги плаши граѓаните бил голем директор а на прославите на ВМРО-ДПМНЕ седел до најмоќните луѓе во тогашната влада.

,,Ако не поминеле уставните измени ќе сме останеле изолирани ко од 2006 до 2016, велит Таче Струја.

Чекај бе машко, која изолација? Па ти во то време беше директор во најголемата компанија, вмешана во прислушување на десетици илјади граѓани. Шо не кажа тогаш дека сме изолирани, е*ате ќелајцата”, стои во болното потсетување на Затаракоски до премиерот.

Ковачевски на отворање на новата зграда на Македонскиот Народен театар во 2013 година седи во првите редови каде седи врвот на ВМРО-ДПМНЕ веднаш зад Груевски и Бети Канчевска а до Влатко Мијалков брат на најмоќниот соработник на Груевски во тоа време Сашо Мијалков.

Од фотографиите од отварањето може да се заклучи дека Ковачевски не само што не се чувствувал изолирано туку е еден од најсреќните на настанот.

Во тој период кој сега за Ковачевски е лош тој имал плата од илјадници евра и располагал со милионски буџети.