Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно, вели мандатарот во објава на Фејсбук.

Мандатарот за состав на новата Влада им се обрати вечерва на жителите на главниот град со порака на Фејсбук да бидат спокојни, затоа што, како што вели, парно ќе има во текот на целата грејна сезона.

„Владата ги активираше сите механизми, ги презеде чекорите за да обезбеди топли домови и проблемот е надминат“, соопшти Ковачевски.