Ковачевски длабоко во ,,офсајд”, ќе брка три пати помала доверба од Мицкоски

Декемвриската анкета на МКД.мк која ја спроведе агенцијата Маркет Вижн во споредба со претходните покажува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има дури три пати поголема доверба како лидер од премиерот Ковачевски иако функцијата шеф на влада му дава огромна предност.

И оваа анкета го потврди трендот на раст на популарноста на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и падот на владеачката СДСМ. Меѓу испитаниците почна да се појавува и новата политичка партија ЗНАМ и нејзиниот претседател Максим Димитриевски.

Анкетата покажува дека Мицкоски е попопуларен од сите тројца лидери на владеачката коалиција на СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците при што Арбен Таравари воопшто не се појавува меѓу најпопуларните лидери.

На прашањето „во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба“, 12,95 отсто од испитаниците го посочија името на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. 6,65 отсто од нив го избраа Али Ахмети, лидерот на ДУИ, во актуелниот премиер и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски доверба имаат само 4,25 отсто од гласачите, во Димитар Апасиев, првиот човек на Левица 3,5 %…

За првпат во истражувањата на МКД.мк се појавува и името на Максим Димитриевски, претседателот на новата политичка партија ЗНАМ со 2,1 отсто доверба.

Кај лидерите, според анкетите на МКД.мк во февруари, јуни септември и декември, воочлив е растот на популарноста на Мицкоски (од 11 на речиси 13%), падот на Ковачевски (од 8,2 на 4,3 отсто) и на Апасиев (од 4 на 3,5%), и стабилноста во популарноста на Али Ахмети околу 6 отсто.

Кај партиите ситуацијата за власта е уште полоша

ВМРО-ДПМНЕ надмина 26 проценти доверба, црно му се пишува на СДСМ (АНКЕТА)

Анкетирањето е спроведено од 8 до 15 декември со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.067 испитаници со интервал на доверба 95% и маргина на грешка +-3%. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.