Ковачевски денеска ќе има средба со шефицата на германската дипломатија

Германската државна министерка за Европа, Ана Лирман, денеска ќе пристигне во посета на Македонија и ќе има средба со новиот премиер Димитар Ковачевски.

Тоа ќе биде и прва средба на премиерот со државник од странство, пред утрешната најавена посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Македонија.

Фокусот на разговорите со германската министерка ќе биде ставен врз билатералните односи меѓу Македонија и Германија, економските и политичките прашања и европската перспектива“.

Ковачевски вчера и во завршниот говор пред гласањето на новата влада ја потврди оваа средба, за која рече дека ќе разговара за забрзување на евроинтеграциите.

Германската државна министерка ќе има и билатерални средби со вицепремиерот за евроинтеграции и со министерот за надворешни работи.

Лирман ќе биде примена и од шефот на државата Стево Пендаровски.