Нема логично објаснување зошто Албанија, откако ги исполни сите критериуми и има едногласност во Советот, не ги започна преговорите за членство во Европската Унија. Ова ќе биде многу позитивен знак за целиот Западен Балкан, вели европратеникот Андреј Ковачев.
„Никогаш не добив логично објаснување зошто ако има едногласност во Советот (на Европа -н.з.) за Албанија, меѓувладината конференција со Албанија да не започне веднаш“, вели Ковачев за БГНЕС.
Европратеникот вели дека добрососедството е критериум, но РСМ (како што ја наекува Македонија)„сè уште не го исполнила овој критериум и нема доволно напредок во спроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство, склучен во 2017 година“.
Ковачев објаснува дека доброседството не е празен концепт на ЕУ. Исто така, тоа е вградено во заклучоците на Советот од март 2020 година и е дел од критериумите од Копенхаген.
„Овде сакам веднаш да дадам појаснување – сакам РС Македонија да тргне напред кон ЕУ што е можно поскоро. Отсекогаш била нашата желба РСМ да стане дел од ЕУ, но како што реков на состанокот – без наследството на Тито и комунистичката диктатура. Ова наследство нема место во ЕУ. Тоа е поврзано со многу омраза, многу дискриминација, навреди, репресија. Тие немаат место во ЕУ. Како што им објаснив на моите колеги, не станува збор за некаков банален историски спор или билатерално прашање, ова се однесува на основните човекови права “, вели Ковачевн за БГНЕС.
