Бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев на својот Фејсбук профил реагираше на изјавите на претседателот Стево Пендаровски дека Македонија нема со кого да преговата во Софија во врска со проблемот со историјата.
„Се чини дека некои луѓе продолжуваат да живеат во свет со паралелна реалност или се преправаат дека се погодени. Според претседателот на Македонија, Пендаровски, најголемиот проблем беше што Скопје денес нема со кого да преговара во Бугарија за да се најде компромисно решение пред јуни“, се огласи на социјалните мрежи, бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев.

„13-те состаноци на Заедничката историска комисија, вклучувајќи ги и минатонеделните, ја докажаа вашата целосна неподготвеност да промените нешто во вашите учебници, што дури нејасно сугерира дека во минатото Бугарите и Македонците биле еден народ – бугарски, на бугарски јазик.
Колку побрзо сфатите дека нема бугарски политичар на власт, дури и најлиберален, кој ќе ви потпише бел чек без вие да ги менувате историските лаги, толку побрзо ќе имаме решение и ќе се отвори европскиот пат на Македонија. Сè зависи од вас, не од Вашингтон, Берлин, Виена, Прага, но не и од Софија, пишува европратеникот.
