Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев денес, како што пренесуваат бугарски медиуми, потсети на напишаното во книгата „Име и ум“ објавена во 1999 година, од Димитар Димитров, поранешен министер за култура на Македонија и татко на сегашниот вицепремиер за европски прашања и поранешен дипломат број 1, Никола Димитров.

Ковачев го цитира најважниот заклучок во книгата на Д. Димитров, пренесува БГНЕС.

Ковачев се осврна на вчерашното интервју на Никола Димитров со оценка дека уште еднаш изнел неосновани обвинувања против позицијата на Бугарија за почеток на преговорите за Македонија за членство во ЕУ.

Во ТВ-интервјуто, вели Ковачев, Димитров на моменти користел недипломатски јазик, што е апсолутно неприфатливо за земја-кандидат да започне преговори за членство во ЕУ. БГНЕС