Ковачев на Димитров: Бесрамно лажете!

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев остро го критикуваше однесувањето на македонскиот вицепремиер и министер за европски прашања Никола Димитров, кој вчера ја обвини Бугарија за непријателска политика кон неговата земја.

Во обраќањето вчера на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во Стразбур, Димитров го рече дека „бугарската политика кон с.Македонија не е во корист на пријателство, туку на антагонизмот … Немаме поплаки за дискриминација …, ниту жалба до Европскиот суд за човекови права … Не знам кои се овие обвинувања, за кои во бугарското општество зборуваат бугарските политичари”, рече Димитров, цитира БГНЕС.

ННикола Димитров, очигледно ги браните оние што го уништуваат мајчиниот јазик на стотици илјади Бугари од Македонија! Ја продолжувате политиката на културен етноцид што започна во 1945 година”, рече Ковачев.

Според бугарскиот европратеник, „културната Европа не реагира против оваа фанатична кампања за уништување на зборот“. „И покрај оваа тоталитарна политика, во комунистичка Југославија имаше храбри луѓе кои не уништуваа, туку зачуваа некои бугарски споменици. Сега се обидувате да ги избришете и нив.

Лажете најбезобразно и бесрамно дека немало дискриминација кон оние кои отворено се декларираа како Бугари. Тие се предмет на закани, навреди и малтретирање.

Тоа се стотици илјади граѓани! Колку Бугари (кои отврорено се декларираат) има во државната администрација? НУЛА !!!

Колку Срби има? Не ви прави чест да лажете најбесрамно! “, вели Андреј Ковачев.