Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев ја манипулира бугарската и македонската јавност дека секретарот на бугарскиот клуб во Охрид Цар Борис Трети е истепан затоа што е Бугарин.
Ковачев вчера сакаше да прикаже дека 21 годишниот секретар на клубот Пендиков е натепан заради неговата национална припадност и дека државата не реагира но вистината е сосема различна.
Пендиков не бил натепан во клубот туку во кафеана во доцни вечерни часови од луѓе со кои подолго време имал имал нерасчистени лични односи а МВР веќе презема соодветни мерки против напаѓачите.
,,На 19.01.2023 околу 22.30 часот во Охрид е пријавен физички напад врз Х.П. (21) од Охрид од страна на С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што на Х.П. му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид. Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Известен е јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава”, се вели во соопштението на портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.