Без разлика каква влада има и ќе има, Бугарија не може да го промени својот став во однос на РС Македонија.

„Земјата кандидатка РСМ мора да ги почитува основните човекови права и демократските принципи. Таа мора да гарантира недискриминација и да создаде јавна атмосфера без говор на омраза. Бугарите во РСМ не смеат да живеат во страв да не најдат работа и да бидат предмет на навреди и закани“, вели европратеникот Андреј Ковачев во изјава за БГНЕС.

Тој вели дека и економијата и инфраструктурата и енергетиката се важни, но најважно е да се надмине неединството и омразата од минатото.

„Единството барем на оваа тема мора да се зачува! Немаме право во името на нашите предци и нашите деца да подлегнеме на каков било притисок од каде било!“, изјави европратеникот Андреј Ковачев.