Европратеникот Андреј Ковачев се придружи на нападите врз премиерот Кирил Петков кој побара од претседателот Румен Радев да свика средба Советодавниот совет за национална безбедност по прашањето за Македонија.

„Покрај промената на веќе изнесениот став на Бугарија за почеток на преговорите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ, што друго би можело да биде причината за свикување на нова средба – вели Ковачев

Што се случи од претходната седница на овој совет на 10 јануари 2022 година “ прашува Ковачев како што пренесува БГНЕС.

„Каков е ‘огромниот напредок’ од страна на Скопје во исполнувањето на условите од Рамковниот став на бугарската влада од 2019 година?

Каде е ‘огромниот напредок’ на историската комисија?“, праша тој.

„Колку точно се ‘континуираните и неделни средби меѓу петте работни групи’ и кои се вистинските резултати од нив?

Освен, се разбира, авионската линија Софија-Скопје која не функционира.

Или премиерот навистина верува дека може да лаже и да ги маѓепса сите останати партии, службите, претседателот и бугарскиот народ дека во изминатите неколку месеци се случи вистинско чудо, невидено во нашите односи со Скопје…

Или решил дека е дојдено време да си ги измие рацете, како Понтиј Пилат и на оние кои даваа дарежливи и наивни ветувања им објасни дека, за жал, и покрај неговата желба, не може да има промена на позицијата на Бугарија поради ‘лошите момци.

А лошите, во неговите очи (на Петков -н.з.), очигледно се мнозинството Бугари кои сакаат фер, а не компромисно решение“, вели европратеникот од редовите на ГЕРБ.