Премиерот Зоран Заев и владата на Македонија мора веднаш да се дистанцираат од провокациите и да објасни какви се односите со словенечкиот „Меѓународен институт за Блискоисточни и балкански студии“ од Љубљана – што му плаќа и колку е платено досега, изјави за БГНЕС бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
Изјавата доаѓа по откритијата на БГНЕС дека тројца советници на Заев, кои работат во институтот, организирале кампања за клеветење против Бугарија и Германија, во двете земји се нарекуваат „мафијашки“ и „нацистички“ држави.
„Заев мора да открие какви договорни односи има со овој институт и дали луѓето во него сè уште се негови советници“, повика Ковачев.
Во врска со ова , денеска од бугарското МНР бил повикан на разговор и В.Д. амбасадорот на Македонија во Софија на барање на министерката Екатерина Захариева.
