Ковачев го прашува Заев што му е смешно во спорот со Бугарија

По вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев во Атина дека очекува грчка помош за спорот помеѓу Македонија и Бугарија кој е смешен, бурно реагира бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

„Господине Заев, што точно е смешно во позицијата на Бугарија? Дека Гоце Делчев е Бугарин? Дека Даме Груев е Бугарин? Дека Браќата Миладинови се Бугари кои ги напишале своите бугарски народни песни на бугарски јазик?
Тој цар Самуил е крал на Бугарите? Дека Григор Прличев е Бугарин кој го нарекол неговиот јазик бугарски прашува Ковачев кој „елаборира“ што биле ТМОРО, ВМОРО, ВМРО
Ковачев понатаму тврди дека државната идеологија на РМ продолжува да се гради врз манипулации и лаги врз антибугарска основа?

„Не е смешно, но вашето однесување е трагично и жално, господине Заев, но и господа Пендаровски, Димитров, Мицковски итн. Не носите ништо добро за европската иднина на Македонија на сите Македонци, без оглед на нивното етничко потекло и сегашниот идентитет“, пишува Ковачев на фејсбук.