Котлар-Сакоман како Караманов: Сакам да сум денес динамит и сè предавничко и антимакедонско да го сторам пепел!

Професорката по македонски јазик Билјана Котлар-Сакоман за денешното отворање на бугарскиот „културен“ клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид реагира во стилот на македонскиот поет, револуционер и учесник во Народноослободителната борба, Ацо Караманов, кој токму на денешен ден во 1944 година загина на 17 години во борба со германскиот фашистички окупатор кај беровското село Смојмирово.

„Гледајќи го отварањето на непријателскиот и провокаторски бугарски клуб, чие име не сакам да го изговорам, во Охрид, на датум ‘случајно’ одреден, (кај нив нема ништо случајно, ами тоа е ден кога бугарските фашисти на смрт со стрелање ги осудија Лазар Колишевски и мојот тетин Петре Пирузе Мајски, се потсетив на стихот: ‘Сакам да сум динамит’ од младиот поет Ацо Караманов, кој впрочем и е стрелан на денешен ден. Да, сакам да сум денес динамит и сè предавничко и антимакедонско да го сторам пепел!“, реагира Котлар-Сакоман во постот објавен на Фејсбук од историчарката Наташа Котлар.