„Денес е и полошо! Ех, Гоце јунаку, сега катиљ ферман за “Добрососедство” си имаме, врховисти и ЕУропејци, уште османлискиот аскер да пропука и да биде како во твое време!“ – реагира универзитетската професорка д-р Наташа Котлар на својот фејсбук-профил во врска со денешното „чествување“ на македонскиот великан Гоце Делчев, со сите полициски блокади околу црквата „Свети Спас“ во Скопје и забраните македонскиот народ да може слободно да дојде и да му оддаде почит и благодарност на својот најдостоен син за се што стори тој за Македонија.