Котлар до Османи: Бугарите во Уставот само откако ќе ја признаат македонската посебност

Историчарката Наташа Котлар јавно му се обрати на „северниот министер“, како што го опиша шефот на дипломатијата Бујар Османи, во врска со неговите изјави околу внесувањето Бугари во македонскиот Устав.

„Збор-два за некои мистификации на северниот министер во неговите искажувања:

Во Македонија нема ништо повеќе од заедници-делови од други народи, но сигурно има помалку такви од другите земји во регионов, за да се опишува како мултиетничка и да ја фалиме за таква!

А, Бугарите во Уставот може да влезат е д и н с т в е н о откако јасно и гласно ќе ја признаат македонската посебност во историјата, борбите во минатото за државотворност, црквата, јазикот и литературата, односно македонската народна и културна – национална посебност, како што го прават и го покажале тоа: Хрватите, Црногорците и другите!

Сè друго е измама и криминално поведение кон нас Македонците и нашата суштина!“, му порача на Османи професорката од Институтот за национална историја.