„Кога станува збор за македонскиот народ, за македонскиот јазик, добро е да се потсетиме на еден запис на британскиот новинар, општественик и познавач на македонските и балканските околности Хенри Ноел Брејлсфорд веднаш по Илинденското востание: ‘Тие [Македонците, б.н.] се народ врзан за почвата, вкостени во своите села со ограничен опсег на чувства, кои побожно се вртат околу нивните планини, нивните реки и нивните древни цркви. Нација на селани, што тргнува со вакви конзервативни одлики, бргу ќе развие вистински патриотизам…Нивните балади за бунт, во кои зборот ‘МАКЕДОНИЈА’ се јавува во секој рефрен, докажуваат дека тие имаат татковина.” – напиша Наташа Котлар универзитетската професорка од Институтот за историја од Скопје, на својот фејсбук-профил.

Во својата објава Котлар дополнува: „Убаво е да се претпочитуваат историските хроники, така се потсетуваме и се знаеме, заради самите нас и заради нашиот цврст став пред другите!“