Јасна Котеска, редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје, јавно му се заблагодари на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Љупчо Коцарев, за одбраната на катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност, нарекувајќи го херој.

Котеска ја прозва деканката Анета Дучевска за наводен документ од 9 април 2020 година за укинување на двете катедри.