Професорката Јасна Котеска чија татко поетот Јован Котески во средината на деведесетите заврши в затвор за македонски национализам апелира премиерот Заев и вицепремиерот Димитров да завршат во хуман затвор.

,,Сериозно и нешто мое најинтимно.

Заев и Димитров се без власт. Треба и мора да одговараат за велепредавство на Македонија.

Јас имам своја молба. Знаејќи ги и Шутка и Идризово, не им сакам таква казна.

Кругот на страдања мора еднаш да запре. Нека запре со мојата генерација.

Процесите ќе траат со години.
Земете норвешки планови и скици, град Скопје, и изградете хумани рехабилитации/затвори.

Кога ќе завршат процесите, таму нека одат. Како и сите тековни затвореници.

Тоа ете е мојата искрена молба”, пишува Котеска која како граѓанин на Р. Македонија, бара од властите во земјава итно апсење на лицето Никола Димитров.

,,Апсење по две основи:
1. индиции за ДРЖАВНА ШПИУНАЖА
Кај викиликс подолу на линкот.
2. индиции за ВЕЛЕПРЕДАВСТВО”, очекува професорката која бара некој да му го пренесе на Димитров нејзиниот став.

,,Татко ми трулел во самица цела година со цел да ја заштити Републиката.

Како овие две персони, Заев и Димитров, се’ уште се шетаат на слобода, кога ја распродале Републиката?

Има некој да ми ја објасни историската логика зад овие потези?”, дообјаснува Котеска.

Покрај апсење на Димитров таа бара да биде уапсен и Заев.

,,Јас, Јасна Котеска, покрај Никола Димитров, барам и итно апсење на лицето Зоран Заев, во фунција поранешен премиер по предмет ВЕЛЕПРЕДАВСТВО на државата.

Тотално е небитно кој што мисли за мене, за предметите кои се основ за овој спор или за наведените лица, Димитров и Заев.

Јас лично ги повикувам на Суд и во име на 3/4 граѓани кои се изјасниле ПРОТИВ нивните политики во легален процес, т.н. референдум.

Ќе ве тегнам до Стразбур”, порачува Котеска која го прозива мандатарот на новата Влада Димитар Ковачевски да ги притвори двајцата посочени.

,,Најраспространетиот прекар за господинот Таче во Куманово е Ќуран.
Се замолува г-динот Ќуран да ги притвори господата Заев и Димитров по основ
-ВЕЛЕПРЕДАВСТВО
-Евро заВице, евро за црквата
-Стипендии по 40,000 евра годишно со ад хок комисии
Итн

Така Ќуран ќе ја стекне довербата

Овој тим застапуван од почитуваниот Ќуран (неговиот кумановски прекар инаку со значење Мисирка), т.е. тековниот премиер Таче е – одличен!

Прва работа на господинот Ќуран и неговиот тим е да ги притвори Заев и Димитров за ВЕЛЕПРЕДАВСТВО.
Втора, да ги гони за нелегални дејанија”, порачува Котеска во врска со правната основа за гонење на Заев и Димитров.

Поврзана вест

Луѓето што Заев ги менуваше за возење квадрицикли почнаа да се обвинуваат за нечесност

По Заев и Филипче го нападна Димитров со барање да биде чесен