Котецу не запира: „Денес над Македонија“ нов предизвик

По десетина отпеани македонски песни, јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу си постави нов предизвик – да ја испее македонската државна химна „Денес над Македонија“.

„Јас сè уште не зборувам македонски во разговор, но знам важни зборови, како ‘слободата’, ‘правдини’ итн., со учење на песните“, вели тој.

Басот што претседава со Токиската опера, кој настапувал и во Македонската опера и балет и не ја крие љубовта кон Македонија, ги сподели на Јутјуб своите изведби на македонските песни „Македонско девојче“, „Ако умрам ил’ загинам“, „Мој роден крај“, „Ти се колнам“, „Болен ми лежи Миле Попјорданов“, „Кога падна на Пиринa“, „Пијан идам од града“, „Земјо македонска“, „И ние сме деца“ итн.