Косово нема да ѝ се приклучи на иницијативата Отворен Балкан, која има за цел да гарантира слобода на движење, стоки и капитал меѓу шесте земји од Западен Балкан кои не се членки на Европската унија, изјави косовската претседателка Вјоса Османи.

Османи рече дека нејзината земја ќе размисли за приклучување кон таквите регионални иницијативи само откако Србија ќе ја признае декларацијата за независност на Косово во 2008 година.

Таа рече дека напорите на Србија за модернизација на нејзината војска се дестабилизирачки за регионот, кој сè уште заздравува од војните во 1990-тите со кои се распадна поранешна Југославија.

Османи рече дека зголемената српска милитаризација и „дестабилизирачките тенденции“ кон земјите во регионот покажуваат дека српскиот претседател Александар Вучиќ немал добри намери.

Косово е признаено од околу 110 земји, но не и од Русија, Кина и членките на ЕУ, Шпанија, Словачка, Кипар, Романија и Грција.