Косово „глуво“ за барањата за екстрадиција на осомничените од „Монструм“

Никаков повратен одговор од косовското Министерство за правда за екстрадицијата на двајцата осомничени во случајот „Монструм“, не стигнал досега, соопшти денеска од македонското Министерство за правда.

Обвинителката Фатиме Фетаи денеска побара Судот да побара до каде е постапката со испорачување на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, осомничени за  петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Првото барање за екстрадиција на лицата е испратено во март 2013 година, кое 22 јануари 2016 година, но било одбиено од Апелациониот суд на Косово.

По комплетирање на предметот министерката Дескоска повторно испратила ново барање за екстрадиција, кое Министерството за правда на Косово го примило на 5 септември 2018 година, дознава НОВА ТВ.