Косово ги поддржа нападите врз Сирија предводени од САД

Косово застана зад воздушните напади врз Сирија што ноќеска ги изведоа САД, Велика Британија и Франција.

„Косово стои заедно со интервенцијата на евроатлантските сојузници за да се спречи режимот на Асад во Сирија. Хемиските напади врз невини цивили се неправедни, а обидот на демократските земји да воспостават мир во оваа земја е неопходна акција“, порача премиерот Рамуш Харадинај преку својот профил на „Фејсбук“.