Косовскиот премиер Албин Курти вели дека ќе ја исправи грешката воп разграничувањето на Косово со Црна Гора, кога 8.200 хектари земја ѝ припаднале на Црна Гора.

Курти смета дека тие 8.200 ха се составен дел на Косово.


„Се надевам дека Црна Гора наскоро ќе добие нова влада, со која ќе можеме да разговараме, за разлика од претходната во која имаше проруски елементи“, изјави Курти.

Во меѓувреме се огласи и се уште актуелниот премиер на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, кој истакна дека неговиот косовски колега дал мошне опасна изјава, со која се загрозува територијалниот интегритет на неговата земја.