Косовец шверцувал 113 мигранти во камион-ладилник

Синоќа на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај клучката Миравци, при преглед во товарното возило „сканија“ -ладилник со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени 113 лица мигранти (110 од Бангладеш, 1 од Индија и 2 од Мјанмар).

Полициските службеници го привеле И.П.(30) од Косово кој го управувал возилото.