Голема тепачка настана на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Партизан во вториот натпревар од плејофот на кошаркарската Евролига кога Пантер и Љуљ физички се пресметаа, а потоа Јабусел го нападна Егзум и долеа уште масло на огнот.
На нешто помалку од две минути до крајот, Љуљ направи груб прекршок врз Кевин Пантер, кој веднаш се сврте да му се спротивстави на кошаркарот на Реал, двајцата играчи влегоа во физички конфликт, по што започна верижна реакција на паркетот.
Судиите го прекинаа мечот и утврдија дека нема доволно играчи за продолжување на средбата, па останатите ги испратија во соблекувалната, а победата му припадна на Партизан со 95:80, со што поведе со 2-0 во серијата до три победи, која треба да продолжи во вторник во Белград.
Се очекуваат големи казни за кошаркарите на двата тима, од кои дури 21 беа дисквалификувани поради учество во масовната тепачка во „Визинк центар“.