Корупција до небо, скандали рој а вицепремиерот ажурира членови на СДСМ

Вицепремиерот одговорен за корупцијата во Владата Љупчо Николовски кој е и генерален секретар на СДСМ не се занимава со корупцијата кој е потенцијален проблем и во случајот со бегството на Сашо Мијалков но има време за ажурирање на партиските членови на неговата партија.

Ни 111 место кое Македонија ја лоцира како една од најкорумпираните земји не го натера Николовски да ја остави партиската работа и да се посвети на државниот проблем број 1.

“✍🏻 Досега, над 6️⃣7️⃣0️⃣0️⃣0️⃣ членови на СДСМ го реевидентирале своето членство во партијата.

👉🏻 Остануваат уште 4 дена од овој процес кој тече одлично ширум републиката”, напиша Николовски на денот кога на власта на СДСМ под крајно сомнителни околности во кои можеби е вклучена корупција на државни функционери и избега Сашо Мијалков.

Во коментарите Николовски може јасно да види што за ажурирање на партиски членови мислат дел од граѓаните.