Коронавирусот почна да се контролира, но ќе остане меѓу нас уште неколку години

Коосновачката на фармацевтската компанија „БиоНТек“, Озлем Туречи, за американската телевизија Си-Ен-Би-Си, вели дека светот сè уште се бори против коронавирусот и дека компанијата, која заедно со „Фајзер“ ја развива вакцината против коронавирусот, внимателно ја следи ситуацијата кога станува збор за можни нови видови.

Според неа, вакцините на „Фајзер“ можеби во иднина нема да го заштитат населението од нови видови, па затоа сите во компанијата мора да бидат подготвени за таквата иднина со цел да преземат брзи и ефективни мерки за заштита.

„Коронавирусот почна да се контролира, но вирусот сигурно ќе остане таму меѓу нас уште неколку години“, рече коосновачката на „БиоНТек“. (Плусинфо)