Коронавирусот коси: 213 починати

До 213 достигна бројката на починати од коронавирусот, а бројот на заразени е 9.692, соопшти Кинеската здравствена комисија.

Само за 24 часа бројот на жртвите се зголеми за 43 лица.

Надвор од Кина не е регистриран ниту еден случај.

Светската здравствена организација синоќа прогласи вонредна состојба на глобално ниво, откако бројот на случаи на заболени со новиот коронавирус се зголеми за повеќе од десет пати во една недела.