Од денеска лекот „Ивермектин“ е достапен и во аптеките во Македонија. Лекот ќе чини околу 300 денари и ќе се издава само со рецепт од матичен или специјалист информираше вчера директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Љирим Шабани .
Од МАЛМЕД апелираат граѓаните да консултираат лекар.
„Студиите покажаа дека Ивермектинот се дава на три групи граѓани и тоа, кај ризичните групи на работници, кои имаат висок ризик да заболат, потоа на луѓе, кои биле во контакт со заболен и на заболени пациенти. И кај трите групи има различни индикации, различно дозирање и затоа е потребно давањето на лекот да биде под контрола на лекар“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче минатата недела.