Короната зеде уште 11 жртви, нови 340 случаи

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица од Скопје (84г) и Кичево (75г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 9 починати лица од: Скопје (4), Куманово (1), Гостивар (1), Свети Николе (1), Крушево (1) и Гевгелија (1).Починатите лица се на возраст од 63г. до 93г. Лицата за починати се пријавени вопериод од 16.02. до 04.03.2022. Од пријавените 4 лица се починати во болнички услови, а 5 лица се починати во домашни услови. Од вкупниот број на починати лица, кај 8 лица се регистрирани коморбидитети.

Од направени 2.557 тестови, регистрирани се 340 нови случаи на КОВИД-19:

Од нив во Скопје – 198, Велес – 21, Куманово – 17, Прилеп – 16, Битола – 14, Кавадарци – 13, Тетово – 10, Гостивар и Ресен – по 8, Гевгелија – 7, Кичево и Радовиш – по 5, Кочани – 3, Неготино, Берово и Богданци – по 2, Охрид, Штип, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 1. Од вкупниот број на позитивни (340), регистрирани се 56 реинфекции.

Регистрирани сe 526 оздравени пациенти.