Во најголемиот бразилски град Сао Паоло, кој е најтешко погоден од коронавирусот епидемијата, ксè уште не го достигнала својот врв, пишува Си-Ен-Ен.
Бразил стана втора земја во светот во однос на бројот на заразени по Соединетите држави, со 330.000 потврдени случаи.
Претседателот на Бразил Жаир Болсонаро, кој го нарече коронавирусот „мал грип“, ги повика компаниите повторно да се отворат.
Во болницата „Емилио Рибас“ во Сао Паоло нема повеќе простор за кревети, а персоналот веќе умира од коронавирус, и покрај тоа што е најдобро опремената болница во градот.
Во градот бројот на мртви е 6.000, а има повеќе од 76.000 потврдени случаи на инфекција.
Според Си-ен-ен, само оние кои имаат три симптоми имаат право на бесплатно тестирање, па многу случаи остануваат неоткриени.
Најтешко е во сиромашните предградија – фавелите – каде и без тоа царува борбата за опстанок.
На ридовите над Сао Паоло има бескрајни нови гробови на гробиштата, а според известувачите на Си-Ен-Ен, се чини дека погребот се одржува на секои 10 минути.