Светски познатиот карневал во Рио де Жанеиро се одлага, објавија училиштата за самба.

Причина за одлагање на карневалот што требаше да се одржи во февруари 2021 година, е Ковид 19 а организаторите изјавија дека овој настан најверојатно нема да се одржува сè додека не се најде вакцина.

Бразил се бори со најтешката епидемија на корона по САД а одржување на многу посетуваниот карневал со улично танцување, огромни паради и целовечерни забави на гости кои доаѓаат од сите страни, би бил ризик.

Во Бразил се потврдени 4,66 милиони случаи на коронавирус и 140.000 смртни случаи.