Коронакризата во еден месец остави над 20.000 луѓе без работа во Хрватска

Од средината на март, кога беа запрени речиси сите економски активности поради коронакризата, во Хрватска останаа без работа над 20.000 работници.

На 16 март бројот на невработени лица беше 134.717, а денеска изнесува 155.278, покажува ажурираната статистика на Хрватскиот завод за вработување (ХЗЗ).

Во февруари годинава последната земја што стана членка на Европската унија имаше стапка на невработеност од 8,3 проценти, а Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека таа ќе биде 11,5 отсто на крајот од годината.