Корона: Заразени 20 лекари и медицински персонал на Нефрологија

На Клиниката за Нефрологија има повеќе од 20 заразени лекари и медицински персонал како и пациенти кои одат на дијализа, објави „Сител“.

Веста дека има заразени за Сител ја потврдила и директорката на клиниката. Се’ уште се чекаат резултатите од анализите и уште не се знае точната бројка.

Клиниката за нефрологија веќе неколку месеци е ковид-центар, а уште не се знае кој е изворот на заразата.